Справување со квинслендската овошна мува Информации на македонски (Managing Queensland fruit fly, Macedonian)

Преземи Справување со квинслендската овошна мува (PDF - 682.1 KB)

Квинслендската овошна мува е распространета во Викторија и напаѓа многу видови овошје и зеленчук. Овој информативен лист ќе ви помогне да ја најдете квинслендската овошна мува во вашата градина и да го заштитите од оштетување овошјето и зеленчукот што ги одгледувате.

Како изгледа квинслендската овошна мува?

Квинслендската овошна мува минува низ четири животни фази. Во соодветни временски услови (т.е. на 26⁰ C) мувата може да се развие од јајце во возрасен инсект во период од 30 дена.

Јајце

Ларва

Кукла

Возрасна мува

Квинслендската овошна мува може да се најде во градините во пролет, лето и есен.

Популарни домашни „домаќини“ на квинслендската овошна мува

Квинслендската овошна мува положува јајца во внатрешноста на разни овошки и зеленчук - таканаречени „домаќини“. Некои често одгледувани примери се прикажани подолу.

 јаболко, кајсија, авокадо, капсикум, чили, кимват, модар патлиџан, смоква, грозје, лимон, вар, локут, нектарин, портокал, пасифрут, праска, круша, persimmon, слива, калинка, бодликава круша, дуња, јагода, домат

Целосна листа на „домаќините“ може да се најде на Queensland fruit fly

Справување со квинслендската овошна мува во градините

1. Прво проверете дали има квинслендска овошна мува

Стапици: Проверете дали во вашата градина има квинслендска овошна мува така што ќе обесите стапици за квинслендски овошни муви. Обесете стапици на височина од околу 1,5 метар на блиско зимзелено дрво со сенка. Почнете го тоа во рана пролет и продолжете до зима.

Има различни стапици што ги привлекуваат и во нив се фаќаат квинслендските овошни муви. Овие стапици може да привлечат и во нив да се фатат и други инсекти што се корисни за вашата градина, па затоа, пред да употребите инсектициди на вашите дрвја или растенија, проверете дали се фатиле квинслендски овошни муви.

2. Методи на контрола

Ако најдете квинслендска овошна мува во вашата градина, најдобра контрола ќе постигнете со користење на комбинација од методи на контрола. Започнете со методи на контрола 6-8 недели пред овошјето да созрее за берење, бидејќи квинслендската овошна мува може да положи јајца во внатрешноста на тврда, зелена овошка.

Исклучувањето е најдобра метода: Користете мрежи, вреќи или „ракави“ против инсекти за да ги покриете овошките откако се опрашиле, за да спречите квинслендската овошна мува да положи јајца во внатрешноста на овошјето и зеленчукот. Не дозволувајте мрежата да ги допира овошките.

Мамци, стапици и инсектициди: Стапиците и мамците за квинслендската овошна мува ги привлекуваат и во нив се фаќаат овошните муви пред да го нападнат овошјето во вашата градина. Побарајте стапици што ги убиваат и женските и машките муви. Не е веројатно дека само стапиците се доволни да се контролира овошната мува.

Исто така, достапни се инсектициди што ја убиваат квинслендската овошна мува. Ако се користат неправилно, инсектицидите може да бидат штетни - прочитајте ги и применете ги упатствата на етикетата.

Сите овие производи може да се купат во расадници, градинарски продавници и на интернет.

Користете мрежи, вреќи или „ракави“ против инсекти за да ги покриете овошките откако се опрашиле

3. Проверете го вашето овошје и зеленчук.

Проверете дали на кората/лушпата има знаци од убод и дали во овошките и зеленчукот има ларви.

Проверете дали на кората/лушпата има знаци од убод и дали во овошките и

4. Основна градинарска нега (добра хигиена)

Берете го и користете го овошјето додека зрее. Отстранете го сето гнило овошје и зеленчук, она што паднало на земја и што не сакате да го јадете. Тоа ќе спречи квинслендската овошна мува да се размножува во вашата градина.

Кастрете ги овошните дрвја за да можете да ги дофатите овошките при берење, ставајте мрежа против инсекти или прскајте.

Пред да го фрлите овошјето, треба да ги убиете сите црви што можеби останале внатре со тоа што ќе ги замрзнете, ќе ги изгорите во микробранова печка, ќе ги попарите или ќе ја затворите пластичната кеса со овошје и ќе ја оставите на сонце најмалку 14 дена. Откако сте го сториле тоа, кесата со овошје може да ја ставите во канта за ѓубре.

Не правете компост од овошје и зеленчук заразени или оштетени од квинслендска овошна мува.

Ако не можете да се грижите за вашите овошки и зеленчук, заменете ги со украсни растенија што не се „домаќини“ на штетници (на пример, домородна акација или гревилија).

Спречете го ширењето на квинслендската овошна мува

Најдобар начин да се запре ширењето на квинслендската овошна мува на нови места е да не се патува со овошје или зеленчук што е „домаќин“ на штетници, особено тие што се одгледувани дома.

Може да бидете парично казнети ако се открие дека во некои области патувате со производи „домаќини“ - за детали видете на Australian interstate quarantine.

Повеќе информации може да се најдат на Queensland fruit fly или ако се јавите во Центарот за услуги на потрошувачи на 136 186.

Одобрило и објавило Министерството за работни места, области и региони, 1 Spring Street, Мелбурн, март 2020

© Влада на Викторија, Министерството за работни места, области и региони 2020

Page last updated: 21 Jun 2024